Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Квартетот „Стрингендо“ (Stringendo) со свечен концерт во Истанбул по повод 35 години независност на Македонија

Квартетот „Стрингендо“ (Stringendo) со свечен концерт во Истанбул по повод 35 години независност на Македонија

По повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија, Македонскиот културен центар во Истанбул утре, 8 септември, ќе приреди свечен концерт на квартетот „Стрингендо“ (Stringendo), со кој македонската музика и култура ќе бидат во фокусот на одбележувањето на празникот.

 

Концертот ќе се одржи во Културниот центар „Тарик Акан“ во Атаќој, Истанбул, со почеток во 20:00 часот, а влезот за посетителите е слободен. Настанот свечено ќе го отворат генералниот конзул на Македонија во Истанбул, г. Идрис Фазлиоски, и директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски.

 

Концертната вечер е посветена на одбележувањето на Денот на независноста, но и на долгогодишното пријателство и културните врски меѓу Македонија и Турција. Квартетот „Стрингендо“ (Stringendo), составен од истакнатите македонски музичари Наташа Лазаревска на обоа, Олгица Шундиќ на виолина, Љупка Каевиќ на виолончело и Андреја Наунов на пијано, ќе изведе композиции адаптирани за инструментален состав: „Јовано, Јованке“, „Мајка на Марика“, „Донка“, „Македонско девојче“, „Бор садила мома Евгенија“, „Пајдушко оро“, „Не си го продавај, Кољо, чифликот“, како и „Çanakkale“ и „Üsküdar’a Gider İken (Kâtibim)“.

 

Мени за пристапност