По повод 35 години независност, во Белград ќе биде претставен последниот творечки опус на еден од најзначајните македонски сликари, проф. Родољуб Анастасов (1935–2026).
Изложбата ќе се одржи на 8 септември, со почеток во 20 часот, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Белград.
Анастасов е автор со значаен придонес во македонската ликовна уметност, а според Американскиот библиографски институт е прогласен за еден од 500-те најгенијални умови на 21 век.