Вечер во Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово ќе биде отворена традиционалната групна изложба „Кумановски ликовни уметници 2026“, организирана по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово.
На изложбата ќе бидат претставени дела на 23 ликовни уметници од различни генерации, кои преку сликарство, графика, скулптура и просторни инсталации нудат разновиден и современ ликовен израз.
Куратор на изложбата е Драгана Спасковска, кустос советник и историчар на уметноста. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 18 ноември 2026 година.