Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Танец“ со македонскиот фолклор на сцена во Малта

„Танец“ со македонскиот фолклор на сцена во Малта

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ на 15 ноември ќе одржи целовечерен концерт во салата на театарот „Сент Винсент де Пол“ (St. Vincent de Paul Theatre) во Лука, Малта.

 

Пред македонската дијаспора и меѓународната публика, ансамблот ќе претстави програма со традиционални ора, народни песни и антологиски кореографии, со кои ќе го промовира богатството на македонското фолклорно наследство. Гостувањето е дел од меѓународните активности на „Танец“ за афирмација на македонскиот културен идентитет.

Мени за пристапност