Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската опера и балет со „Набуко“ ќе гостува на Крит

Македонската опера и балет со „Набуко“ ќе гостува на Крит

Македонската опера и балет од 12 до 15 ноември ќе престојува во Ираклион, на грчкиот остров Крит, каде што ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

 

Во оваа оперска продукција ќе учествуваат солистите, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет, кои заеднички ќе го претстават едно од најпознатите дела на Верди.

 

Гостувањето претставува значајна можност за афирмација на македонската оперска уметност пред меѓународната публика, како и за унапредување на културната соработка и размената меѓу Македонија и Грција.

Мени за пристапност