Во Македонската филхармонија на 14 март (сабота), со почеток во 12 часот, ќе биде изведен симфонискиот концерт за деца „Магичната флејта на Вулфи“.
Авторка на приказната, којашто ќе биде и нараторка на концертот, е Тина Иванова, додека како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе дел од богатиот опус на славниот Волфганг Амадеус Моцарт.
„Магичната флејта на Вулфи“ е книга за деца инспирирана од музиката на Моцарт, но се работи за автентична приказна која го опишува авантуристичкиот карактер на малечкиот Вулфи и неговата средба со „магичната флејта“.