Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Концерт на „Пијано трио“ во КИЦ во Софија

Концерт на „Пијано трио“ во КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вчера концерт одржа музичкиот состав „Пијано триопо повод 20-годишниот јубилеј.

 

Пијано трио“, во состав: Татијана Петрушевска (обоа), Марјан Милошевски (фагот) и Петар Макариевски (пијано), изведе програма составена исклучиво од дела на современи македонски композитори: Горан Начевски, Валентина Велковска, Властимир Николовски, Филип Иванов и Вања Николовски-Ѓумар.

 

На крајот од концертот им беа врачени благодарници „Мостови на културата“, признание за нивниот исклучителен придонес во градењето културни мостови.

 

 

Мени за пристапност