Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Концерт на Националниот џез-оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и од Џез-академијата – Штип

Концерт на Националниот џез-оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и од Џез-академијата – Штип

Во Филхармонијата вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Националниот џез-оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и од Џез-академијата – Штип.

Како што најавуваат од Националниот џез-оркестар, концертот ќе биде посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез-музичари.

На истата сцена, во единствена музичка средба, ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје и од Џез-академијата – Штип, заедно со искусните членови на Националниот џез-оркестар.

Овој концерт, кој се одржува по вторпат, ја продолжува успешната традиција на соработка меѓу младите таленти и Националниот џез-оркестар. Настанот претставува значаен чекор во афирмацијата на новата генерација џез-уметници, овозможувајќи им да настапат рамо до рамо со докажани професионалци и да го развијат својот уметнички потенцијал. Влезот е слободен. 

Мени за пристапност