Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Kолоритот на генијот – изложба на Мирослав Масин во КИЦ во Софија

Kолоритот на генијот – изложба на Мирослав Масин во КИЦ во Софија

На 3 октомври (петок), со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе биде отворена изложбата на Мирослав Масин – сликар со ретка моќ да го претвори платното во огледало на човековата душа. Изложбата ќе биде отворена во присуство на авторот, што ја прави оваа уметничка средба уште повредна и пополнокрвна.

Изложбата што се отвора во Македонскиот културно-информативен центар во Софија претставува ретка можност за бугарската јавност да влезе во светот на еден исклучителен автор. Делата што ќе бидат изложени – работени во класична техника, на големи формати – се повеќе од слики: тие се внатрешни пејзажи, визуелни прашања и емоционални извештаи од едно внатрешно патување.

Мени за пристапност