Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Народниот театар од Битола и „Џез-фабрика фестивал“ на 24. Меѓународен уметнички фестивал во Кина

Народниот театар од Битола и „Џез-фабрика фестивал“ на 24. Меѓународен уметнички фестивал во Кина

На покана од ChinaSPAF 2025 и Network of Silk Road Arts Festivals, Џезабрика фестивал и Народниот театар од Битола се единствените што  ќе ја претставуваат Македонија на 24. Меѓународен уметнички фестивал во Шангај, Кина, како дел од 5. годишна конференција. Како еден од највлијателните фестивали од ваков вид во Кина, CSIAF е годишен фестивал што трае еден месец и се одржува во Шангај од 1999 година. Фестивалот, кој се одржува од средината на октомври до средината на ноември секоја година, опфаќа сценски уметности, визуелни уметности, музика, танц итн.

Присуството на Џез-фабрика фестивал и Народниот театар од Битола обезбедува одлична можност за уметниците и уметничките и медиумските професионалци од овој сектор во светот да дознаат повеќе за културната сцена на Македонија. Истовремено, со ова учество се засилува глобалната културна размена преку соработка, меѓусебно учење и споделување искуства.

Мени за пристапност