Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба по повод 2 Август – Денот на Илинденското востание

Изложба по повод 2 Август – Денот на Илинденското востание

По повод 2 Август – Денот на Илинденското востание, денеска во Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево е отворена изложбата „Слобода или смрт: Илинденската епопеја низ фотографии“, посветена на еден од најзначајните датуми во македонската историја.

 

Изложбата, преку внимателно избрани фотографии, претставува историски потсетник за херојската борба на македонскиот народ за слобода и ги доближува до јавноста настаните, личностите и идеалите што го обележаа Илинденското востание.

 

Со вакви настани се афирмира значењето на националното културно и историско наследство, се негува колективната меморија и се оддава почит на генерациите кои ја вградија својата жртва во темелите на македонската државност.

 

Изложбата ќе биде отворена за посетители до крајот на август.

Мени за пристапност