В петок, 22 август 2025 г., во 19:30 часот во Ликовната галерија во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од уметникот Методи Исков, што е дел од програмата од областа на визуелните уметности за 2025 година.
Изложбата „Уметничкиот сон“ е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста. Секое уметничко дело, пред да се појави во материјална форма, започнува како визија, како интимен миг на замисла или сон што го носи авторот. Токму тој процес – од замисла до реализација – е централната тема на оваа поставка. Во рамките на изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современа визуелна практика.