На 9 декември 2025 г. (вторник) од 14:00 часот во Уметничката галерија „Безистен“ – Штип ќе биде отворена изложбата „Секвенции“ од уметникот Марјан Стојаноски. Ликовниот опус на Стојаноски се класифицира во стил на апстракција/асоцијативни апстракции. Во неговите дела доминираат линии со контрастен карактер (нежни и груби, меки и цврсти, понежни и понагласени), како и акцентирани боени површини. Тој комбинира различни техники – цртачки и сликарски, на пример, јаглен и акрил. Во „Секвенции“ формите не стојат – тие се случуваат. Тие растат, се преклопуваат, исчезнуваат, па повторно се појавуваат, како да се обидуваат да ги доловат движењето на времето и човечката внатрешност.