Во петокот, 7 ноември 2025 година, во Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, Бугарија, свечено беше отворена ликовната изложба „Слики од под планината“. На изложбата се претставени 20 дела од македонскиот уметник Сергеј Андреевски, изработени во техника масло на платно.
Оваа изложба е дел од континуираните напори за зацврстување на културните врски и дијалог меѓу Македонија и Бугарија. Преку презентација на делата на истакнати македонски уметници како Сергеј Андреевски, КИЦ во Софија придонесува за пошироко разбирање и афирмација на македонската уметност и култура во регионот.