Во рамките на 63. Меѓународна струмичка ликовна колонија, денеска во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица во 20:00 часот ќе биде отворена изложба на мозаици од збирката на Колонијата.
Оваа поставка претставува ретка можност да се доживее уметност која со својата издржливост и префинета естетика ги надминува границите на времето. Секој мозаик носи сопствена приказна, создадена од безброј камени фрагменти што во совршена хармонија се претвораат во впечатливи ликовни композиции.
Изложбата е омаж на повеќедецениското творештво на уметниците што оставиле траен белег во богатата збирка на Меѓународната струмичка ликовна колонија и претставува живо сведоштво за културното наследство што Струмица го негува над шест децении.