Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба на Ликовната колонија „Галичник“ – 35. и 36. сесија

Изложба на Ликовната колонија „Галичник“ – 35. и 36. сесија

Вечер во 20:00 часот во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица ќе биде отворена изложба на делата создадени во рамките на 35. и 36. издание на Меѓународната ликовна колонија „Галичник“.

Биеналниот проект е наречен „Колективна културна меморија: Постмеморија“ и е кураторски концепт на д-р Ана Франговска, претседателка на Колонијата. Соработник на биеналната изложба со елабориран есеј е д-р Натали Рајчиновска Павлеска.

На изложбата ќе бидат претставени дела од над дваесет уметници од: Македонија, Австрија, Бугарија, Грција, Полска, Кипар, Србија, Косово, Холандија, Словенија и САД, реализирани во различни медиуми – слика, видео, објект, фотографија, текст и инсталација. Автори се: Елиа Калогјани, Стефан Корнацки, Лучезар Бојаџиев, Кристине Ледерер, Дарко Алексовски, Ана В’чкова, Красимир Терзиев, Марија Анвандер, Клара Вит, Калина Димитрова, Иванчо Талевски, Марина Касианиду, Софија Димова, Никола Радосављевиќ, Дејан Крстиќ, Ивана Хостник, Клелија Живковиќ, Ренеа Беголи, Ил Џафери, Лука Судант и Данаи Белосиноф.

Со овој проект, Колонијата „Галичник“ уште еднаш ја потврдува својата улога како лабораторија на културна меморија, критичко мислење и меѓународна соработка, создавајќи дијалог меѓу минатото и сегашноста, тишината и гласот, личното и колективното.

Мени за пристапност