Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба „Архитектура на невидливото“ од македонскиот уметник Страхил М. Петровски во Македонскиот КИЦ во Софија

Изложба „Архитектура на невидливото“ од македонскиот уметник Страхил М. Петровски во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 16 јули во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Архитектура на невидливото“ од македонскиот визуелен и мултимедијален уметник Страхил М. Петровски.

 

Изложбата претставува циклус дела што преку апстрактен ликовен израз ги истражуваат односите меѓу материјата, просторот, светлината и визуелната перцепција, нудејќи современ и автентичен авторски пристап кон сликарството.

 

За творештвото на Страхил М. Петровски и за концептот на изложбата ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија.

 

Изложбата е дел од програмските активности на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, насочени кон промоција на современата македонска ликовна уметност и нејзина меѓународна афирмација.

Мени за пристапност