Програмата на годинашното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња.
Концертот ќе се одржи на сцената на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се избрани дела од Респиги, Вивалди, Базини, Маскањи, Пјацола, Рота.