Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 20-26 септември

46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“  ќе се одржи од 20-26 септември
Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

Џајковски е филмски композитор, но, пред сѐ, познат скопјанец, творец на културната сцена и културниот профил на нашиот град и на нашата држава. 

Со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави уникатната уметничка визија на Кирил Џајковски, кој со својата музика ја збогати филмската и културната меморија на Македонија.

Наградата, статуетката „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, свечено ќе му биде врачена на Кирил Џајковски на затворањето на 46. издание на ИФФК  „Браќа Манаки“.



Семих Капланоглу, пак, е добитник на „Специјална камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на 46. издание ИФФК „Браќа Манаки“.

Капланоглу е еден од најуспешните и највлијателни режисери во турската кинематографија, кој има добиено 28 меѓународни награди и 10 номинации низ целиот свет.

Селекторот на главната натпреварувачка програма, Слаѓан Пенев, информираше дека фестивалот ќе се отвори и ќе се затвори со македонски филмови. 

Со филмот на Теона Митевска, „Мајка“, ќе биде отворено годинашното 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, а во главната програма ќе се прикажуваат филмови од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, Торонто, Локарно итн.

Мени за пристапност