Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ДИРЕКТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИ ЦЕНТРИ НА ТРИБИНА ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА КИЦ ВО СОФИЈА

ДИРЕКТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВНИ ЦЕНТРИ НА ТРИБИНА ПО ПОВОД 20 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА КИЦ ВО СОФИЈА

Македонскиот културно-информативен центар во Софија, по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од неговото основање, денеска ќе одржи трибина на тема Стратешки цели и развој на културната дипломатија улогата на културно-информативните центри“.

Говорници на трибината се директорите на македонските културно-информативни центри во Загреб, Белград, Истанбул и во Софија, г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска, г. Васко Шутаров, г. Диме Ратајкоски и г. Зоран Пејковски.

Целта на трибината е да иницира конструктивна дискусија за актуелната и за идната улога на македонските културно-информативни центри во странство, со посебен акцент на нивниот придонес во унапредувањето на културната дипломатија, преку размена на искуства, предизвици и визии за развој.

Во рамките на трибината, директорот на македонскиот КИЦ во Софија, г. Зоран Пејковски, на учесниците на трибината ќе им додели признанија и благодарници по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од основањето на Центарот.

Со оваа трибина ќе се даде значаен придонес за достоинствено одбележување на овој важен јубилеј и за заедничко обликување на идните насоки на македонската културна дипломатија.

Мени за пристапност