Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Гран при за „Анна“ и награда за Маја Љутков на фестивалот „Златен лав“

Гран при за „Анна“ и награда за Маја Љутков на фестивалот „Златен лав“

Претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ, го освои Гран при – највисокото признание на 27. Меѓународен фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, еден од најзначајните фестивали посветени на камерниот театар во регионот. На фестивалот, актерката Маја Љутков ја доби наградата за најдобра главна женска улога за својата изведба на ликот на Анна.

Жирито ја истакна современата и длабоко промислена актерска интерпретација на Љутков, како и силната режија на Нина Николиќ и впечатливата современа адаптација на класиката „Ана Каренина“, која ги преиспитува темите на слободата, моќта и општествените притисоци во денешното дигитално време.

По успешното гостување во Умаг, претставата „Анна“ ќе настапи и на Меѓународниот фестивал на камерна драма „Ристо Шишков“ во Струмица, а следната изведба на редовниот репертоар на Театар Комедија е закажана за 23 септември 2026 година.

Мени за пристапност