Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Гостиварскиот театар со „Хауситери“ на фестивалот „Театар на раскршћу“ во Ниш

Гостиварскиот театар со „Хауситери“ на фестивалот „Театар на раскршћу“ во Ниш

Националната установа Гостиварски театар ќе гостува на седмото издание на фестивалот „Театар на раскршћу“ во Ниш, Србија, со претставата „Хауситери“, по текст на Горјан Милошевски и во режија на Игор Ивковиќ.

Претставата ќе биде изведена на 10 октомври во 18 часот на малата сцена на Народниот театар во Ниш, во рамките на придружната фестивалска програма. Во претставата настапуваат Ирена Илиевска, Дарко Вељиќ и Ариан Ејупи.

Фестивалот, кој се одржува од 5 до 11 октомври, ја поттикнува меѓународната културна размена и ја промовира театарската уметност на балканскиот културен простор.

Мени за пристапност