Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Бегалка“ гостува на „БИТ ФЕСТ“ 2026

„Бегалка“ гостува на „БИТ ФЕСТ“ 2026

Вечерва, со почеток во 20.00 часот, во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2026, во Центарот за култура – Битола ќе биде изведена претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски, во продукција на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.

 

Сценографијата и костимите се дело на Благој Мицевски, музиката е на Александар Димовски, а дизајнот на плакатот и рекламниот материјал е на Ване Костуранов.

 

Во претставата настапуваат: Стојан Велков – Трн, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Васка Ангелова, Михаил Велков и Игор Тодоров.

 

Со ова гостување, НУЦК „Антон Панов“ – Струмица продолжува достојно да ја претставува македонската театарска уметност на домашните фестивалски сцени.

 

Мени за пристапност