Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Фолтин“ слават 30 години со голем концерт во Хераклеја

„Фолтин“ слават 30 години со голем концерт во Хераклеја

Фолтин годинава одбележуваат 30 години активна авторска и концертна дејност, а по тој повод, на 29 август 2026 година ќе одржат голем јубилеен концерт на античкиот локалитет Хераклеја во Битола.

 

Три децении бендот гради препознатлив уметнички израз што ги поврзува музиката, театарот и визуелната уметност, оставајќи значаен белег на македонската и на регионалната сцена.

 

Концертот на Хераклеја е една од централните активности во јубилејната година и симболично враќање на местото поврзано со почетоците на нивната музичка приказна. Публиката ја очекува препознатливата енергија на Фолтин, музичко истражување и непредвидлив сценски израз.

 

Проектот „30 години Фолтин“ е поддржан од Министерството за култура и туризам и е дел од програмата на настани од национален интерес.

Мени за пристапност