Македонскиот филм повторно блесна на светската сцена. Шест години по успехот на „Медена земја“, режисерката Тамара Котевска освои две главни награди на престижните Интернационални награди за документарен филм (International Documentary Awards – IDA) во Лос Анџелес. Нејзиниот нов филм „Приказната за Силјан“ триумфираше како најдобар документарен филм и за најдобра камера, надминувајќи силна конкуренција.
Филмот, продукција на „Нешнал џиографик“ (National Geographic), ја следи топлата приказна за македонскиот фармер Никола и неговата врска со повредениот бел штрк. Кинематограферот Жан Дакар доби признание за визуелната мајсторска работа.
Котевска ја посвети победата на независните автори и најави дека овој успех е важен чекор кон потенцијална номинација за Оскар.