Драмскиот театар на 6 декември во 19 часот на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе ја игра претставата „Чудесна терапија“.
Гостувањето се реализира во рамките на програмата на манифестацијата „Гевгелија – град на културата за 2025“. Организаторот, Општина Гевгелија, и Народниот театар информираат дека влезот за претставата е слободен.
Пиесата е работена по драмски текст на Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, а улогите во претставата ги играат актерите на Драмскиот театар: Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ-Пановска и Предраг Павловски.