Овој четврток со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт со наслов „Ѕвездено арпежо“, на кој како солистка ќе настапи Анлин Ленартс, водечка харфистка од Белгија, која во моментов работи во оркестарот на престижната Виенска филхармонија.
Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се „Горе и долу – три слики од Книга на промени“ од македонскиот композитор Владимир Николов, Концертот за харфа и оркестар „Аранхуез“ од Хоакин Родриго и Симфонијата бр. 5 од Лудвиг ван Бетовен.