Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Драмски театар – Скопје на Фестивалот РУТА во Љубљана

Драмски театар – Скопје на Фестивалот РУТА во Љубљана

Од 29 јануари до 4 февруари 2026 година, Местно гледалишче љубљанско (МГЛ) по петти пат е домаќин на РУТА, регионален театарски фестивал кој од 2019 година обединува шест театарски куќи од регионот. На фестивалската сцена ќе настапат: Драмски театар – Скопје, Камерни театар 55 – Сараево, Београдско драмско позориште, Казалиште „Улисис“ – Загреб, Центар за култура Тиват и МГЛ.

 

Драмски театар – Скопје ќе ги изведе копродукцијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – нашето не го даваме“ и монодрамата „Кармен“. Во копродукцијата учествуваат актери од четирите куќи од регионот, а претставата имаше премиера во август минатата година и веќе има 11 изведби. Монодрамата „Кармен“ на Билјана Драгиќевиќ-Пројковска досега има 47 изведби и учествувала на повеќе меѓународни фестивали.

 

По претставите ќе се одржат разговори со уметниците, предводени од драматурзите Петра Погоревц и Нина Куцлар-Стиковиќ. Основната цел на фестивалот е зацврстување на културните врски, надминување на националните граници и поттикнување нова уметничка соработка.

Мени за пристапност