Традиционалното Џез-матине на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи на 17 јануари (сабота) во „Мака бар“ во Скопје, со почеток во 13 часот. Ќе бидат промовирани новите календари за 2026 година со фотографии на Жига Коритник.
Концерт ќе одржи Тони Китановски трио, во чиј состав се: Тони Китановски, гитара, Оливер Јосифовски, контрабас и Алек Секуловски, тапани.