Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повици на УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка за аплицирање во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за 2 повика на УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка, и тоа: „Заедничко брендирање и координиран маркетинг на културниот и креативниот сектор во Западен Балкан (и во Европа)“ и „Размена на стручни искуства од областа на заштитата на културното наследство и ревитализација на локалните културни простори“. Повиците се финансирани од Европската Унија во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“.

Целта на повиците е подобрување на работата на културните и креативните сектори со цел развивање на вештините, знаењата и пристапот до финансиска помош за зголемување на конкурентноста и за одржливост на заедничкото производство и циркулирање на добрата и услугите во Западен Балкан.Повиците, критериумите и апликациите може да се најдат на следниве линкови: 

 

-          https://www.unesco.org/en/articles/open-call-proposals-co-branding-coordinated-marketing-cultural-and-creative-sector-western-balkans?hub=66976

 

-          https://www.unesco.org/en/articles/open-call-applications-peer-peer-exchanges-safeguarding-cultural-heritage-and-revitalisation-local?hub=66976

 

Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 16 февруари 2026

година, до 17:00 часот.

 

Мени за пристапност