Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложбата „Хоризонт на светлината“ на Марк Јанура вечерва во КИЦ- Скопје

Изложбата „Хоризонт на светлината“ на Марк Јанура вечерва во КИЦ- Скопје
Вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Хоризонт на светлината“ на уметникот и дизајнерот Марк Јанура. Изложбата ќе биде претставена во Изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.
 
Марк Јанура е уметник кој ја спојува традицијата со современоста. Неговите дела се движат од графика и мозаик до визуелна комуникација и дигитален дизајн. Со изложби во Македонија и странство, како и соработки во јавни простори, тој создава визуелни светови што ја истражуваат структурата и бојата. Неговата уметност е динамична, истовремено интимна и концептуална, секогаш насочена кон иднината.
 
 
Изложбата ќе може да ја посетите до 7 септември и влезот е слободен.

Мени за пристапност