Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Битолскиот театар со „Црно семе“ ќе гостува во МНТ во Скопје

Битолскиот театар со „Црно семе“ ќе гостува во МНТ во Скопје

Народниот театар од Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар на 20 февруари во 20 часот. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски.

 

„Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија судбината и голготата на Македонците од Егејска Македонија по Втората светска војна.

 

Драматизацијата е на Јелена Цветановска, сценографијата на Сергеј Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, сценските движења ги потпишува Дамјан Цветановски, а музиката е на Димитар Андоновски.

 

Во претставата настапуваат: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Марија Цветановска, Александар Димитровски, Александар Копања, Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓоргиовски.

Мени за пристапност