Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Драмски театар гостува на „Град театар“ – Будва

Драмски театар гостува на „Град театар“ – Будва

НУ Драмски театар Скопје учествува на 40. јубилејно издание на фестивалот „Град театар“ – Будва, кој од 30 јуни до 23 август се одржува на повеќе локации во Стариот град.

 

На фестивалот, Драмски театар Скопје ја претставува копродукциската претстава „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“, во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата ќе биде изведена вечерва и утревечер на летната сцена „Помеѓу црквите“, со почеток во 21 часот.

 

Станува збор за регионална копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградско драмско позориште, Местно гледалишче од Љубљана и „Град театар“ – Будва, со актерски и авторски тим составен од уметници од четирите институции.

 

Учеството на Драмски театар Скопје на овој значаен фестивал претставува можност македонското театарско творештво да се претстави пред меѓународна публика, но и да се продолжи регионалната соработка и размената на искуства меѓу театарските институции.

Мени за пристапност