На 21 август 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложбата „Тивок ритам на формите“ на српската уметница Милица Алимпиќ Илиќ.
Изложбата претставува серија дела во кои женската фигура е централен мотив преку кој уметницата ги истражува внатрешните состојби, чувствата и односот меѓу телото и просторот. Делата се изработени во акрил и масло на платно, со нагласена игра на линии, форми, бои и текстури.
Милица Алимпиќ Илиќ досега реализирала седум самостојни изложби и учествувала на бројни меѓународни изложби и ликовни колонии. За својата уметничка работа е добитник на повеќе награди и признанија.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.