Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Џез-концерт на македонскиот бенд „Некст ту сајленс“ (Next to Silence) во Истанбул

Џез-концерт на македонскиот бенд „Некст ту сајленс“ (Next to Silence) во Истанбул

Денеска (26 септември), со почеток во 22:30 часот, во џез-клубот Бова во Истанбул ќе настапи македонскиот џез-бенд „Некст ту сајленс“ (Next to Silence). На концертот ќе биде претставен најновиот албум „Рух“ (Ruh), инспириран од древните култури, длабочината на вековите и од современиот урбан пулс. 

Настанот е организиран од Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул и е дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам, чија мисија е промоција на современaта македонскa музичкa сцена пред турската публика.

Со својот нов албум, „Некст ту сајленс“ ќе им подари на турските љубители на џез-музиката уникатна вечер исполнета со „космички“ импровизации, мистични тонови и енергија која ги преминува времето и просторот, потврдувајќи ја силата на џезот како универзален јазик кој ги поврзува културите.

Мени за пристапност