Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, како член на поширока владина делегација, престојува во дводневна работна посета на Париз

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски; министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа; градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков; и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Париз.

 

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО,  како и со други високи претставници на УНЕСКО.

 

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

 

Делегацијата ќе се осврне и на мерките што ги презема Владата, како и на фактот дека преку надлежните институции се вложуваат максимални напори за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација.

 

Во рамки на посетата, денеска е планирана средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО задолжен за култура, потоа со Конгкер Мохамад Талха, претседател на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а утре делегацијата ќе се сретне со Насер бин Хамад ал Хинзаб, претседател на Извршниот одбор на УНЕСКО.

Мени за пристапност