Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Австриска вечер на „Охридско лето“

Австриска вечер на „Охридско лето“

Австриската вечер на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи вечер со концерт на пијано-дуетот Денис Расел Дејвис и Маки Намекава. Настапот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, со поддршка од Амбасадата на Австрија.

 

Светски познатиот пијано-дует ќе изведе програма од современи и класични автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на престижни фестивали и концертни сцени низ Европа и САД.

 

Покрај заедничките настапи, двајцата уметници се истакнати и по своите успешни индивидуални кариери како пијанистка и диригент.

Мени за пристапност