Албанскиот театар за деца и млади – Скопје на 14 ноември, сабота, од 19 часот ќе ја одржи премиерата на детската претстава „Кукавицата“. Ова е трета премиера на театарот за годинава.
Претставата е работена според текст на Елин Рахнев, во режија на Бесим Угзмајли, а преку хумор, апсурд и игра ја истакнува важноста на слободата, креативноста, љубопитноста и детската имагинација. Во претставата настапуваат Флакрон Алиу, Елдин Широки, Зарије Јонузи Челику, Мумин Абдулаи и други актери.