Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонски авторки и книги за деца ќе бидат претставени во Тирана

Македонски авторки и книги за деца ќе бидат претставени во Тирана

Во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, од 12 до 14 ноември ќе се одржи манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2026“, посветена на промоцијата на македонското книжевно творештво за најмладите.

 

На отворањето ќе бидат претставени десет авторки и нивните најнови книги, а ќе биде промовирана и наградената книга „Громотевицата што сакаше да стане виножито“ од Весна Тодоровска.

 

Во рамките на тридневната програма се предвидени литературни средби, работилници со деца, подарување сликовници и средби со албански писатели и издавачи. Предвидено е и потпишување меморандуми за соработка со албански издавачки куќи, со цел размена и превод на книги за деца. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Мени за пристапност