Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Агенцијата за филм најавува: Бесплатни проекции на македонски филмови во „Синеплекс“

Агенцијата за филм најавува: Бесплатни проекции на македонски филмови во „Синеплекс“

Агенцијата за филм промовираше значаен проект за доближување на домашната кинематографија до публиката, под мотото „Македонски филм. На големо платно.“

 

Проектот се реализира во соработка со „Синеплекс“ и предвидува бесплатни проекции на македонски филмови секој понеделник, со што македонскиот филм повторно се враќа таму каде што припаѓа – на големото платно.

 

Секој понеделник во 18:00 часот љубителите на седмата уметност ќе имаат можност да проследат селекција од најзначајните македонски филмови во професионални киноуслови, а влезот ќе биде бесплатен по принципот „прв дојден, прв услужен“, без претходна резервација на билети. 

 

Програмата за април започнува со „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски (6 април), кој оваа година одбележува 15 години од својата премиера, по што следуваат „Avec L’amour“ во режија на Илија Цветковски (13 април), „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска (20 април) и „Хомо“ во режија на Игор Иванов (27 април).

Мени за пристапност