Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Седат Сулејмани со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара

Средба на министерот Седат Сулејмани со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара

Во пријателска и срдечна атмосфера, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска оствари средба со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара. Соговорниците се осврнаа на исклучително успешната соработка меѓу двете држави, која беше крунисана со одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи во 2024 година.

 

Амбасадорката Кавахара се задржа на многубројните активности што беа реализирани во нашата држава во изминатиот период и кои го афирмираа богатството на јапонската култура пред македонската јавност, а со особено внимание беше истакнато и впечатливото претставување на уметниците и на ансамблите од нашата држава на Експо Осака 2025  

 

Соработката меѓу двете држави во областа на културата е регулирана со потпишаниот Меморандум за соработка во 2024 година кој, според соговорниците, е добра основа за понатамошно унапредување на културните врски меѓу двете држави. 

Министерот Сулејмани упати благодарност до амбасадорката Кавахара за јапонските донации со кои во претходните години беа реализирани повеќе вложувања во работата на националните установи Операта и балетот, Филхармонијата итн. 

 

Сулејмани и Кавахара ги споделија своите размислувања и за туристичките потенцијали на нашата држава, со акцент на проектите што веќе се реализираат со Јапонската државна агенција за меѓународна развојна соработка, а се осврнаа и на проектот СкопјеЕвропска престолнина на културата 2028 година, во чии рамки уметници и ансамбли од  целиот свет ќе имаат можност да се претстават во нашата држава.

 

Мени за пристапност