Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Прв состанок на министерот Сулејмани со СКРМ и СОНК

Прв состанок на министерот Сулејмани со СКРМ и СОНК
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, го одржа првиот состанок со претставниците на синдикатите СКРМ и СОНК. Средбата се одржа во позитивна атмосфера, а во фокусот на разговорите беа Законот за култура и Колективниот договор.
 
На состанокот учествуваа и претставници од Министерството за финансии, како и претставникот на Владата, проф. д-р Лазар Јовевски, експерт по трудово право.
 
Министерството за култура и туризам останува посветено на отворен дијалог и соработка со синдикатите, со цел унапредување на условите за работа во културата и изнаоѓање заеднички решенија во интерес на вработените и институциите.

Мени за пристапност