Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за култура и туризам го поддржува зачувувањето на борењето како вредност на културното наследство

Министерството за култура и туризам го поддржува зачувувањето на борењето како вредност на културното наследство

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, го прими на средба претседателот на Федерацијата за борење, Хамид Бакија, по повод одбележувањето на 186-годишнината на Етнофестивалот на борење.

 

Во знак на благодарност за придонесот и континуираната поддршка од Министерството за култура и туризам, претседателот на Федерацијата за борење му додели плакета на министерот Сулејмани.

 

На средбата беше истакнато значењето на борењето како посебна спортска и етнокултурна традиција, која низ генерации ги зачувала вредностите, обичаите и културниот идентитет на заедницата.

 

Министерството за култура и туризам, преку политиките за заштита и промоција на културното наследство, го поддржувало и ќе продолжи да го поддржува зачувувањето на оваа традиција. Поддршката е насочена кон документирање и промовирање на нејзините вредности, како и кон разгледување на можностите за вклучување на оваа традиција во соодветните листи на УНЕСКО.

Мени за пристапност