Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за култура и туризам продолжува со поддршка на македонската кинематографија

Министерството за култура и туризам продолжува со поддршка на македонската кинематографија

На покана на министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, се одржа работна средба со директорот на Агенцијата за филм, м-р Сашко Мицевски, на која присуствуваше и членот на Управниот одбор на Агенцијата, Менсур Алити.

 

На средбата се разговараше за меѓународните успеси на македонскиот филм во текот на оваа година, развојот на домашната кинематографија и идните активности на Агенцијата за филм.

 

Посебен акцент беше ставен на присуството на македонски филмови, автори и продуценти на престижни меѓународни фестивали и филмски пазари, како и на можностите за нови копродукции и унапредување на меѓународната соработка.

 

Министерот Сулејмани ја истакна определбата на Министерството за култура и туризам за континуирана институционална поддршка на филмската дејност и создавање услови за развој на квалитетна, конкурентна и меѓународно препознатлива македонска кинематографија.

Мени за пристапност