Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со претставници на ТИКА

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со претставници на ТИКА
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска оствари работна средба со координаторката на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Шејма Бабајигит, и со советникот на претседателот на ТИКА, Сумер Сипахи.
 
 
На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу Министерството за култура и туризам и ТИКА, со акцент на зачувувањето и промоцијата на културното наследство, развојот на културниот туризам, дигитализацијата на културните институции, како и поддршката на фестивалите, традиционалните занаети и креативните индустрии.
 
 
Министерот Сулејмани ја истакна важноста на долгогодишната соработка со ТИКА и изрази благодарност за континуираната поддршка што Агенцијата ѝ ја дава на Република Северна Македонија. Тој нагласи дека заедничките проекти претставуваат значаен придонес во зачувувањето на културното наследство и развојот на културата и туризмот.
 
 
На средбата беше изразена заедничка подготвеност за реализација на нови иницијативи и проекти, кои ќе придонесат за понатамошно зацврстување на културните врски меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, како и за унапредување на соработката во областите од заеднички интерес.

Мени за пристапност