Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денес оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Министерството за култура и туризам и Европската Унија, со посебен акцент на заштитата и промоцијата на културното наследство, унапредувањето на законодавната рамка во согласност со европските стандарди, како и за можностите за поддршка на културни проекти преку европските програми.
Соговорниците ја нагласија и важноста на соработката со УНЕСКО во зачувувањето и промоцијата на културното наследство, како значаен дел од националниот идентитет и заедничкото европско наследство.
На средбата беше потврдено дека Европската Унија останува значаен партнер на Република Северна Македонија во развојот на културата и туризмот, како и во процесот на европската интеграција на државата.