Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, особено во областа на културата и туризмот.
 
Амбасадорот Солстром ги претстави клучните области во кои Шведска дава значаен придонес во Северна Македонија, меѓу кои заштитата на животната средина, родовата еднаквост и владеењето на правото. Во разговорот беше истакнат и потенцијалот на културата како значајна област за развој на заеднички проекти и иницијативи.
 
Посебно внимание беше посветено на туризмот и можностите за зголемување на туристичката размена меѓу двете земји преку поголема промоција на Северна Македонија како туристичка дестинација за шведските туристи, но и преку зголемување на видливоста на Шведска како туристичка дестинација за граѓаните на Северна Македонија.
 
Министерот Сулејмани го запозна амбасадорот со законската рамка и процесот на интегрирање на туризмот во Министерството за култура и туризам, при што беше нагласена важноста од размена на искуства и добри практики со земји со развиени туристички политики.
 
Во областа на културата беше разгледана можноста за унапредување на институционалната соработка меѓу двете земји, особено во областа на изведувачките уметности, со фокус на операта и балетот.
 
На средбата се разговараше и за подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“. Министерот Сулејмани информираше дека подготовките се одвиваат со забрзана динамика, преку заеднички ангажман на Владата, Градот Скопје и Министерството за култура и туризам, согласно планираните активности.
 
Соговорниците ја потврдија подготвеноста за продолжување на комуникацијата и идентификување конкретни можности за соработка во културата и туризмот.

Мени за пристапност