Министерот за култура и туризам денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва.
На средбата се водеше конструктивен разговор за можностите за продлабочување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Чешка во областа на културата и туризмот.
Во фокусот на разговорот беа зацврстувањето на институционалната соработка, реализацијата на заеднички проекти, размената на искуства и промоцијата на културните вредности, со цел натамошно унапредување на билатералните односи.
Министерот изрази благодарност за поддршката и подготвеноста на Република Чешка за продолжување на успешната соработка, нагласувајќи дека Министерството за култура и туризам останува посветено на градење одржливи меѓународни партнерства кои придонесуваат за развојот на културата и туризмот, како и за зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји, во полза на нивните граѓани.