Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи.

 

На средбата се разговараше за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и координација на активностите што придонесуваат за промоција на јазичната и културната разновидност, како и за афирмација на вредностите што ги поврзуваат сите граѓани во нашето општество.

 

Соговорниците ја истакнаа важноста од континуирана соработка меѓу институциите во насока на унапредување на културните политики, почитување на јазичните права и создавање инклузивна средина во која се негува и почитува културната и јазичната различност.

 

Министерството за култура и туризам останува посветено на градење силни партнерства со сите надлежни институции, со цел реализација на заеднички иницијативи што се во интерес на граѓаните и придонесуваат за развој на демократско и мултикултурно општество.

Мени за пристапност