Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денес оствари средба со шефот на Канцеларијата во Скопје и „Ambassador at Large“ на Амбасадата на Република Литванија, Вилма Дамбраускас

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денес оствари средба со шефот на Канцеларијата во Скопје и „Ambassador at Large“ на Амбасадата на Република Литванија, Вилма Дамбраускас

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денес оствари средба со шефот на Канцеларијата во Скопје и „Ambassador at Large“ на Амбасадата на Република Литванија, Вилма Дамбраускас, на која беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за нивно понатамошно продлабочување, особено во областа на културата и европските интеграции.

 

Амбасадорката Дамбраускас уште еднаш ја реафирмираше подготвеноста на својата земја да ги сподели искуствата и добрите практики од европските интегративни процеси.

 

На средбата беше оценето дека отворањето на дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вилнус, во пресрет на претседавањето на Република Литванија со Советот на Европската Унија од јануари 2027 година, ќе претставува значаен импулс за натамошно зајакнување на билатералните односи.

 

Министерот Сулејмани истакна дека потпишувањето нова Програма за соработка во областа на културата меѓу двете држави ќе создаде нови можности за унапредување на културната размена, реализација на заеднички проекти и промоција на културните вредности на двете земји.

 

Во разговорите беше посветено внимание и на подготовките за манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, при што литванската страна ја изрази својата подготвеност да понуди експертска поддршка и да ги сподели искуствата од успешната реализација на проектот „Каунас – Европска престолнина на културата 2022“.

 

На крајот од средбата, соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно интензивирање на соработката во областа на културата и туризмот, како значаен сегмент во зацврстувањето на пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Литванија.

Мени за пристапност